Марко Ројс потпиша за екс-клубот на Бекам и Ибрахимовиќ

Марко Ројс и официјално кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во редовите на Лос Анџелес галакси.

Легендата на Борусија Дортмунд потпиша двегодишен договор, а пристигнува во Лос Анџелес како слободен играч, откако заврши неговиот договор со „милионерите“ кој не беше обновен.

Марко Ројс изминативе 12 години ги мина во Борусија Дортмунд, одигрувајќ 429 натпревари за „жолто-црните“, со постигнати 170 голови. 35-годишниот фудбалер има 48 настапи и 15 гола за националниот тим на Германија.

Се вчитува...