Барди и Трабзонспор елиминирани од Рапид во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Трабзонспор се елиминирани од австриски Рапид Виена во Лигата на Европа.

Трабзонспор загуби со 2-0 на гостувањето во Виена, па со вкупни 3-0 ги заврши натпреварите во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Домашните поведоа со голот на Сеидл во 77. минута од средбата, а Ланг во 87. минута ги постави конечните 2-0.

Енис Барди во игра влезе во 82. минута од натпреварот откако веќе се беше решено.

Се вчитува...