Ракометарите на Струга го доживеаја и вториот пораз во групната фаза од натпреварите на 52. издание на Интернационалниот ракометен турнир „Струга 2024“.
По вчерашниот пораз од Е. Пелистер, денеска стружани загубија и од грчки ПАОК со 19-27.
Струга одигра квалитетно прво полувреме максимално рамноправно со Грците, завршувајќи го со 12-12. Но, противниците целосно доминираа во второто полувреме кое го добија со осум гола разлика, на крај за победа од 19-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА