Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот Хајдук доживеаја вистински шок со елиминацијата на „Пољуд“ во Сплит, во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.
Хајдук доживеа неочекуван пораз на домашен терен од 0-1 од словачки Ружомберок по што ги заврши своите настапи во Европа, откако првиот дуел во Словачка заврши без голови, 0-0.
Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо во неверување остана на „Пољуд“ по оваа елиминација која само ја продолжува кризата во Хајдук, по претходните турбуленции предизвикани со заминувањето на Иван Перишиќ.
Хајдук беше многу подобар тим на теренот, но не успеа да искористи бројни шанси. И македонскиот напаѓач Александар Трајковски имаше неколку одлични шанси кои не успеа да ги искористи. Трајковски го одигра целиот натпревар на „Пољуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА