Тен Хаг: Уште не сме подготвени, но мора да го прифатиме предизвикот

Манчестер јунајтед вечерва од 21 часот против Фулам ја почнува новата сезона во Премиерлигата.

Ерик тен Хаг порача дека неговиот тим се уште не е подготвен, но ќе го прифати предизвикот.

„Не сме најподготвени, но лигата почнува и нема криење, мора да се носиме со тоа. Се играше долго на ЕВРО 2024 и на Копа Америка, па тоа ги помести плановите на сите клубови. Не е подготвен Лук Шо, а тој е многу важен за нас. Го сакаме назад што е можно побрзо, но нема да форсираме“ – вели Тен Хаг.

Тој открива и дека засилувањата Матијас де Лихт и Нусаир Мазрауи ќе биде во конкуренција за премиерниот меч сезонава.

„Мазрауи ќе биде добро решение за одбраната. Тој е играч кого е тешко да го ставите под притисок“ – вели Тен Хаг.

Се вчитува...