Алкараз спасен од дождот, но денеска го чека пекол во Синсинати

Мечот од 1/16-финалето на Мастерсот во Синсинати меѓу Карлос Алкараз и Гаел Монфис ќе биде продолжен денеска по прекинот поради дожд во финишот од вториот сет.

Алкараз водеше со 1-0 во сетови, но во тај-брејкот од вториот сет, Монфис имаше предност од 3-1 и сервис пред да биде целосно прекинат мечот кој ќе продолжи денеска.

Алкараз денеска од 12:30 часот ќе треба да го спасува вториот сет и мечот, но затоа, пак, ако победи, само неколку часа подоцна ќе го чека осминафинален дуел против Руне.

Мечот против Руне е и тоа како важен за Шпанецот, затоа што со победа ќе оди на второто место на АТП листата, бидејќи ќе го помине Новак Ѓоковиќ, и како втор носител ќе го пречека УС Опен.

Се вчитува...