Искусниот француски тенисер Гаел Монфис во текот на кариерата водеше битки против едни од најдобрите тенисери во историјата – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, а сега има шанса и да се натпреварува со младите тенисери од кои допрва се очекува да остават длабока трага во светот на „белиот спорт“.
Триесетиседумгодишниот во Синсинати се сретна со Карлос Алкараз, а имаше само пофални зборови за младиот Шпанец притоа изјавувајќи дека и покрај тоа што е млад тој веќе е легенда како и Новак, Рафа и Роџер.
„Алкараз е веќе комплетна атлета кога говориме за брзината, издржливоста и силата. А, неговиот тенис исто така е прилично заокружен. Бекенд, форхенд… Тешко е да видите каде ќе ја прати топката. Многу го поправи ретрнот, сервира извонредно. Навистина комплетен играч.
Моментално го гледам на ниво на кое се Новак, Рафа и Роџер. Малку е помлад од нив, но веќе е легенда“, изјави Монфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

