Петрушев назад во Црвена Звезда? „Работиме на тоа“

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда се подготвува за новата сезона во која ќе ја брани титулата во АБА лигата и ќе цели и кон успешен настап во Евролигата. Со таа цел „црвено-белите“ веќе стигнаа до атрактивни засилувања како Кенан и Милер-Мекинтајер, а во клубот се врати и Никола Калиниќ.

По стапките на поранешниот српски репрезентативец би можел да тргне и сегашен член на најдобрата репрезентација на нашиот северн сосед, Филип Петрушев. Освојувајчот на бронзениот медал на ЛОИ по камбекот во Европа од НБА лигата настапи за Олимпијакос, но со тамошното враќање на Саша Везенков се отвара врата за негово заминување од Грција.

Тоа сака да го искористи Црвена Звезда, а претседателот на клубот откри дека веќе „работи на случајот“.

„Се уште немаме договор, но разговаравме со Филип да видиме дали сака да се врати. Тој изрази желба и работиме да го вратиме, особено откако во Олимпијакос се врати Везенков“, откри Небојша Човиќ.

Се вчитува...