Таткото на Јамал со прва изјава откако беше избоден во Барселона: Бев помеѓу живот и смрт

Таткото на Лемин Јамал, најголемата млада ѕвезда во светот на фудбалот, Мунир Насрауи пред неколку дена беше нападнат и прободен со нож на паркинг во Барселона по што заврши во болница каде сега се наоѓа во добра здравствена состојба.

Тој за прв пат по инцидентот се обрати на медиумите откривајќи дека му било страв, но и дека се надева дека правдата ќе биде задоволена.

„Бев помеѓу живот и смрт, ми беше став како и на секој друг човек. Морам да бидам мирен за доброто на сите, за себе и за мојата фамилија. Немам избор. Мораме да веруваме дека правдата ќе не задоволи. Благодарен сум што можам да говорам. Се чувствувам малку подобро, не сум повеќе на одделот за Интензивна нега“, изјави Мунир.

Се вчитува...