Тренерот на Барселона, Ханс Флик соошти дека нема да смета на Дани Олмо за првиот меч во сезоната против Валенсија. Германецот изјави дека Германецот не е подготвен за настап, но и згора на тоа не е пријавен за настапите во Ла Лига, поради проблеми со финансискиот фер плеј на Барселона.
Се чека некој од играчите да си замине од Барселона, па да биде пријавен за настап во шпанскиот шампионат.
„Со нетрпение го очекувам моето деби против Валенсија. знаеме дека во Шпанија има добра атмосфера. Јас сум дебитант во Ла Лига и имам огромна желба. Знаеме дека ќе биде тешко против Валенсија. Најверојатно ќе брани и нивниот голман Мамардашвили. Кај нас само Дани Олмо не е во комбинација поради тоа што има малку тренинзи со нас. Треба да трнира за да може да ни помогне. Ми се допаѓа што можам да се потпрам на Педри“, рече Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

