Познат е новиот клуб на Џердан Шаќири, се врати во својата Швајцарија

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири, после 12 години се врати во својата татковина и потпиша за Базел, тимот во кој ги направи првите сениорски чекори во 2009 година.

Шаќири, кој играше и во младите категории на Базел, го напушти овој клуб во 2012 година за да потпише за Баерн Минхен. Потоа играше во Интер, Стоук, Ливерпул, Лион, а до недоамна беше дел од Чикаго.

Шаќири по завршувањето на ЕВРО 2024, се прости од швајцарската репрезентација, за која одигра 125 настапи и постигна 32 гола.

Се вчитува...