Пандев ги одбра најдобрите 11, на списокот македонски репрезентативец и екс играч на Беласица

Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев, беше гостин во емисијата „Моите топ 11“, на кои ги одбра 11 играчи со кои има играно заедно во репрезентацијата и во клубовите.

Имињат асе навистина за изненадување, особено ако се има во предвид дека Пандев го одбра Ванчо Костов, а од плеадата на играчи со кои има играно, го одбра и Томазо Роки и Лука Коти. Исто така го одбра и Милан Рапаиќ, поради тоа што му помогнал во времето на Анкона.

За најдобар тренер го прогласи Жозе Мурињо.

НАЈДОБРИТЕ 11 СПОРЕД ПАНДЕВ

ГОЛМАН: Џанлуиџи Буфон (Парма),

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер), Ванчо Костов (Беласица),

СР. РЕД: Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер), Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај),

НАПАД: Лука Коти (Специја), Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио).

ТРЕНЕР: Жозе Мурињо (Интер)

Се вчитува...