Полска ја сака организацијата на ЛОИ во 2040 или 2044 година

Полска ќе има за цел да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година, изјави премиерот Доналд Туск, додавајќи дека се уште не е јасно дали целта е реална за Полска.

Имајќи ги предвид прелиминарните одлуки и декларацијата на Меѓународниот олимписки комитет, можеме да зборуваме за 2040 или 2044 година“, рече Туск на прес-конференцијата посветена на модернизацијата на фудбалските стадиони.

Полска беше кодомаќин на Европското фудбалско првенство во 2012 година со Украина и беше домаќин на Европските мултиспортски игри минатото лето, но никогаш не била домаќин на Олимпијадата.

Претходната полска влада соопшти дека ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри во 2028 година.

Се вчитува...