Кире Маркоски ја засилува Македонија ЃП

Некогашниот репрезентативец Кире Маркоски, ќе биде ново засилување за второлигашот Македонија ЃП. Офанзивниот играч си замина од Работнички, и како слободен фудбалер се сели во Ѓорче Петров.

Маркоски има богата кариера, настапувајќи и во странство. Тој играше во Работнички, Вардар, Брера, Шкендија, Шкупи, а беше дел од АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава.

Кире Маркоски има пет настапи за А сениорската репрезентација, и постигнато еден гол. Беше дел и од младинските селекции на Македонија.

Македонија ЃП има амбиции за експрено враќање во „елитата“. Беа ангажирани познати имиња како Андреја Ефремов, Мите Цикарски, и други искусни играчи за да дојде до посакуваната цел.

Се вчитува...