Фиорентина успеа во намерата да го доведе во своите редови Алберт Гудмундсон, офанзивниот фудбалер кој лани блескаше во дресот на Џенова постигнувајќи 14 погодоци за овој италијански прволигаш.
„Виолетовите“ го следеа Гудмундсон од стартот на преодниот рок, на крајот постигнувајќи договор да платат осум милиони евра за едногодишна позајмица. Воедно, во договорот има клаузула за задолжителен откуп за следното лето, кога Фиорентина ќе плати дополнителни 17 милиони евра, плус 3,5 милиони евра што би можеле да се доплатат ако се активираат неколку клаузули
Со тоа, Џенова го продаде и вториот клучен напаѓач од ланската сезона, откако пред десетина дена Ретегуи се пресели во таборот на Аталанта.
Од целата ситуација се задоволни и челниците на Јувентус, кои во следните 24 часа би требале да го комплетираат трансферот на Нико Гонзалез од Фиорентина. Двата клуба се договорија за отштета од 30 милиони евра, но „виолетовите“ одбиваа да дадат зелено светло за трансфер додека не доведат адекватна замена. Сега кога Гудмундсон потпиша, веќе нема никаква пречка за Гонзалез да се пресели во таборот на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА