Карлос Алкараз го имаше имиџот на тенисер кој знае како да ги контролира емоциите… се до вечерва и дуелот со Гаел Монфиј на кој Шпанецот целосно ги загуби нервите.
Како што е тоа вообичаено кај тенисерите, бесот беше истурен врз рекетот, Алкараз не можеше да се смири по еден загубен поен на стартот од третиот сет, а фановите останаа шокирани од ваквата реакција на Шпанецот.
Погледнете како изгледаше овој излив на бес на треторангираниот тенисер на АТП-листата…
“He desperately wants to win this match” 👀#CincyTennis pic.twitter.com/QkiDhvNHtw
— Tennis TV (@TennisTV) August 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА