Баерн не виде мака во Купот на Германија

Баерн Минхен лани беше прерано елиминиран од Сарбрикен од Купот на Германија, но баварскиот гигант извлече поука од тој сензационален пораз, па вечерва не дозволија слично изненадување на гостувањето против Улм (0-4).

Новиот тренер Компани се реши за комбиниран состав оставајќи го на клупата Хари Кејн, но Баерн одигра квалитетен меч во кој рутински стигна до победата. Најзаслужен за триумфот беше ветеранот Томас Милер, кој постигна два гола во првите петнаесетина минути и го осигура триумфот на својот тим. На 0-3 зголеми Коман во второто полувреме на асистенција на Олис, кој мајсторски го проигра сонародникот само едн минута по влегувањето во игра. Конечните 0-4 во судиското продолжение ги постави Хари Кејн.

Многу понеизвесно беше на дуелите од Купот на Германија кои почнаа во 18 часот, ако се знае дека трите меча завршија без победник по регуларните 90 минути. Хофенхајм по подобро изведување на пенали успеа да слави на гостувањето против Вурцбург Кикерс, Мајнц со голови во 113 и во 120. минута славеше по продолженија на дуелот со Вехен (1-3), додека Сент Паули најпрвин се спаси од елиминација со гол во 94. минута на дуелот со Халешер израмнувајќи на 2-2, за во продолжението преку Рицка во 110. минута да стигне до победа од 2-3 и пласман во следната рунда.

Се вчитува...