ПСЖ триумфално ја стартуваше одбраната на титулата во француското првенство откако „светците“ по голема битка славеа на гостувањето против Авр со 1-4. Конечниот резултат делува убедливо, но мора да се истакне дека шампионот долго се мачеше, до 85. минута резултатот гласеше 1-1, но ПСЖ до крајот успеа да постигне три гола, сите три преку играчи кои не беа стартери на овој натпревар.
Мечот почна одлично за ПСЖ откако гостите по една полуконтра успеаја да стигнат до водечки погодок, по прецизниот удар на Ли. Авр имаше поништен гол во првото полувреме, но домаќините затоа успеаја да израмнат на самиот старт од вториот дел преку Љорис.
Најскапото летно засилување Жоао Невеш влезе на самиот почеток од вториот дел, а Португалецот блесна со две асистенции до Дембеле и до Баркола, кои влегоа во 71. минута и успеаја да го матираат домашниот голман за триумф на својоттим.
Конечните 1-4 во судиското продолжение ги постави Коло Муани, кој беше резерва но влезе во игра уште во првото полувреме по повредата на Гонсало Рамос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА