Германскиот стратег Јурген Клоп барем привремено ќе го прекина одморот и повторно ќе се врати на фудбалот само на еден натпревар, и тоа во градот во кој имаше многу успеси, Дортмунд.
Тој со Борусија Дортмунд беше шампион на Германија во 2011 и во 2012 година, па сега доби повик да ја води екипата на мечот за збогум на Лукас Пишчек и на Јакуб Блашчиковски на 7. септември во Дортмунд.
Најавено е дека од клупата ќе го води „Куба тимот“.
„Навистина сум среќен поради тоа. Секако дека ќе ја прифатам поканата, имам сега време“ – изјави Клоп.
На мечот ќе има и ѕвезди како Нури Сахин, Себастијан Кел, Деде, Мохамед Зидан, Антонио Да Силва…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА