Само што почна сезоната а Јунајтед веќе има промашување за потсмев (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед прилично тешко со 1-0 дојде до победа од 1-0 против Фулам на стартот од сезоната во Премиерлигата.

Но, дуелот на „Олд Трафорд“ го одбележа и промашувањето на Гарначо кое не се гледа секој ден.

По големата грешка на Калвин Баси, дефанзивецот на Фулам, Маркус Рашфорд му ја додаде топката, а Гарначо пред празна мрежа се сплетка и ја испрати топката далеку од голот, посрамотувајќи се пред домашните фанови.

Се вчитува...