Таткото на Јамал пуштен од болница, полицијата ги уапси напаѓачите со обвинение за обид за убиство

Таткото на шпанскиот репрезентативец Ламине Јамал е пуштен од болницата во Матар, два дена откако беше избоден со нож.

Мунис Насрауи им се заблагодари на сите кои му дадоа поддршка и помош по овој напад, особено истакнувајќи го полицаецот, кој му помогнал да го запре крварењето од раната на градите.

„Секако дека стравував за својот живот како и секој друг човек. Бев меѓу животот и смрта, но сега морам да бидам смирен за доброто на сите, за себе и за доброто на моето семејство. Мора да веруваме дека правдата ќе победи. Благодарен сум што можам да зборувам“ – изјави Насрауи по излегувањето од болница.

Шпанската полициија, пак, уапси четири лица под сомнение за обид за убиство. По појавувањето пред судот едно лице е задржано во притвор, додека три лица се пуштени под судски надзор. Како што пренесоа шпанските медиуми, Насрауи бил избоден неколку пати во средата навечер на паркинг во Матар по расправија со мажи кои му пришле додека го шетал своето куче.

Се вчитува...