Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер објави минатиот месец фотографија со својот партнер јавно признавајќи дека е хомосексуалец. Братот на седумкратниот Ф1-шампион Михаел Шумахер напиша…
„Најубавата работа е кога во животот имаш вистински партнер со кого можеш да поделиш се“.
Сето тоа не го прифати баш најдобро неговото поранешна сопруга Кора Бринкман со која беа во брак 14 години пред разделбата во 2015 година. Имаат и син Давид, исто така професионален возач.
Синот Давид му даде целосна поддршка на својот татко.
„Среќен сум што конечно најде некој покрај кого се чувствуваш пријатно и заштитено, без разлика дали е маж или жена. Тато, во потполност стојам зад тебе, ти посакувам се најдобро и ти честитам“ – напиша Давид.
Но, неговата мајка сето тоа не го прифати баш најдобро.
„Сакав Ралф барем малку да ме вклучеше во неговите одлуки, тоа би било знак на почит. Уште за време на неговата Ф1-кариера имаше многу гласини, го молев да го објасни тоа но тој секогаш негираше дека има такво нешто и ми зборуваше дека само си замислувам и дека ми треба психолошка помош. А сега се чувствувам како да сум била само маска за негово криење во бракот, со забиен нож во грб и се чувствувам дека си ги уништив моите најубави години во животот“ – вели Кора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА