На одбојкарките им е неопходна поддршка од навивачите за триумф против Австријките во „Јане Сандански“

Македонските одбојкарки со натпреварот денеска од 20:15 часот против Австрија во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ги почнуваат квалификациите за Европското првенство 2026.

Австријките минатата година не победија во Европската сребрена лига, но оваа година силна е желбата меѓу македонските репрезентативки за реванш.

„Добро се подготвуваме за натпреварот со Австрија. Одлична е атмосферата во селекцијата и веруваме дека може да ги израдуваме сите наши поддржувачи“ – вели Добрина Хаџитосева пред дуелот, повикувајќи ги сите навивачи да дадат поддршка за позитивен резултат.

„Затоа ги повикуваме сите љубители на одбојката да дојдат и да ни дадат поддршка во желбата со триумф да го почнеме квалификацискиот циклус“.

Натпреварот ќе биде пренесуван на МТВ 3.

Се вчитува...