Ливерпул и Арне Слот триумфално стартуваа во Премиерлигата (ВИДЕО)

Ливерпул на првиот официјален натпревар воден од менаџерот Арне Слот во Премиерлигата стартуваше со победа, триумфирајќи на гостувањето против Ипсвич со 0-2.

По навидум мирното прво полувреме, „црвените“ до победата дојдоа до два гола во само пет минути. А, најзаслужен за двата гола – Мохамед Салах.

Најпрво, во 60. минута, на асистенција на Салах, Диого Жота погоди за 0-1. А потоа, во 65. минута и Мохамед Салах луцидно стрелаше за конечни 0-2.

Се вчитува...