Дарко Чурлинов доби шанса за докажување во дресот на Јагиелонија и македонскиот репрезентативец веднаш покажа дел од своите квалитети во дресот на полскиот првак.
Чурлинов беше стартер на домашниот натпревар против Краковија и фантастично асистираше при голот со кој Јагиелонија поведе со 2-1, кога мајсторки со глава ја спушти топката до Кубицки, кој немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
За жал, тоа беше се што Јагиелонија успеа да стори на овој меч бидејќи следеше голем преврт и неочекувана победа на Краковија од 2-4. Чурлинов остана на теренот се до 67. минута, кога беше заменет со Хансен.
Јани Атанасов влезе во игра во 60. минута за гостите на овој натпревар, при водство на Краковија од 2-3. Македонецот во судиското продолжение асистираше при четвртиот гол за Краковија, откако одлично ја изнесе топката од сопствениот шеснаесетник и отвори противнапад што Бохнак го претвори во гол.
Асистенцијата на Чурлинов на премиерниот меч во дресот на новиот клуб можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Асистенцијата на Јани Атанасов при последниот гол на овој интересен меч можете да ја погледнете НА ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА