Роберто де Зерби имаше деби од соништата на клупата на Олимпик Марсеј откако на гостински терен го декласираше Брест со 1-5. Стануваше збор за терен каде Олимпик загуби минатата сезона, но избраниците на Де Зерби попладнево одиграа извонреден дуел и стигнаа до преубедлива победа.
Во главна улога беше Мејсон Гринвуд, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед блескаше со два гола во првото полувреме, првиот од извонреден контранапад, вториот од пенал. Мора да се истакне дека при резултат 0-1 во третата минута беше досуден пенал за Брест, но голманот Рули успеа да го запре шутот на Дел Кастилјо.
Казната стигна со брзи два гола на Олимпик преку Луис Енрике и Гринвуд, па резултатот во 32. минута гласеше убедливи 0-3 за гостите од Марсеј. Камара пред крајот на првото полувреме намали на 1-3, но Олимпик имаше одговор, па со новите голови на Луис Енрике и на Ваи овој тим стигна до убедлив триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА