Кристијано Роналдо станува се поисфрустриран што не успева да стигне до трофеј во Саудиска Арабија, откако пропадна и шансата Португалецот да го крене пехарот во Суперкупот, откако вечерва неговиот Ал Наср беше декласиран од шампионот Ал Хилал со убедливи 1-4.
Ал Наср дури и прв стигна до предност со голот што го постигна токму Роналдо, но второто полувреме мина во апсолутна доминација на Ал Хилал, кој направи голем резултатски пресврт. Во главна улога беа српските репрезентативци, Сергеј Милинковиќ Савиќ стрелаше прецизно за 1-1, веднаш потоа два гола постигна Митровиќ, за конечните 1-4 да ги постави Бразилецот Малком по големата грешка на голманот на Ал Наср.
Кристијано беше бесен на соиграчите, не можејќи да поверува како можеа да примат четири гола за 17 минути, па пред сите им гестикулираше на средината на теренот јасно сугерирајќи дека го преспале тој дел од мечот…
Cristiano Ronaldo telling the Al-Nassr players they’re sleeping after Al-Hilal scored 4 goals in 17 minutes… 😴💤pic.twitter.com/XznQ0Ug1UN
— CentreGoals. (@centregoals) August 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

