Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги стартуваше настапите во квалификациите за Европското Првенство, губејќи на домашен терен од Австрија со максимални 0-3 во сетови.
Нашите одбојкарки се обидоа да сторат нешто повеќе против фаворитот, но налетаа на сериозен противник кој не им остави шанса да се понадеваат на изненадување. Македонија во првиот сет освои само 14 поени, во вториот реализираше 17 поени, додека нашите одбојкарки го завршија третиот сет со 20 освоени поени.
Во следното коло закажано на 28 август нашата репрезентација ќе гостува на селекцијата на Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА