Милан не се предава никогаш: Губеше со 0-2 до 89. минута, но …

Милан и Торино одиграа меч за паметење во првото коло од Серија А откако „росонерите“ се вратија од работ на амбисот, спасувајќи бод за 2-2 иако до 89. минута имаа негатива од два гола. Избраниците на Фонсека покажаа карактер кога беше најтешко, но јасно е дека овој тим ќе мора значително да ја крене играта доколку сака да се вмеша во борбата за највисок пласман сезонава.

Милан имаше повеќе од поседот на топката, но не успеа да реализира две убави шанси во првите дваесетина минути, кога голманот Милинковиќ Савиќ блескаше на голот на Торино. Гостите поведоа со автоголот на Тиав, а Милан при 0-1 не искористи стопроцентна шанса преку Леао.

„Росонерите“ се отворија во вториот дел, но просторот што го оставија во сопствената половина беше искористен од страна на гостите, па Запата со гол со глава ја запечати победата на Торино по маестралната асистенција на Лазаро.

Милан покажа карактер кога беше најважно, успевајќи да се врати во самиот финиш од натпреварот. Домаќините најпрвин намалија преку Алваро Мората во 89. минута, а во 95. минута стадионот еруптираше од воодушевување кога резервистот Окафор со волеј удар погоди за 2-2, спречувајќи пораз на поранешниот првак на Италија.

Се вчитува...