Нов скандал во Турција: Физички нападнат и повреден газдата на Фенербахче (ВИДЕО)

Нов скандал во турскиот шампионат. Синоќа на натпреварот меѓу Гезтепе и Фенербахче физички беше нападнат првиот човек на гостите, Али Коч.

Најпрво кон него од трибините беа фрлани разни предмети за да потоа едно од домашните акредитирани лице физички го нападне Коч на терен и притоа нанесувајќи му повреди на главата.

Реагираше турската полиција, па напаѓачот е идентификуван и веднаш приведен.

Фенербахче на дуелот имаше предност од 0-2, но домашните успеаја да израмнат и да дојдат до конечни 2-2.

Се вчитува...