Хорор-сцени во Франција: Фудбалер на Лил половина час неподвижен на терен (ВИДЕО)

Покрај ужасните сцени во Англија на мечот меѓу Нотингем форест и Борнмут, на вчерашните натпревари ширум Европа, хорор-сцени и во Франција на дуелот меѓу Реимс и Лил.

Фудбалерот на Лил, Анхел Гомес, во еден момент остана да лежи на тревата по дуел со домашниот играч, Амаду Коне.

Играчот на Реимс доби црвен картон, но фудбалерот на гостинскиот тим остана да лежи половина час што внесе огромен немир меѓу фудбалерите на двата тима. Гомес, за среќа, доби соодветна лекарска помош и потоа беше изнесен од теренот по што натпреварот беше продолжен…

Се вчитува...