Флик: Гундоган е повреден, нема вистина дека заминува

Тренерот на Барселона, Ханси Флик по синоќешната победа на гостувањето против Валенсија се осврна и на иднината на Илкај Гундоган.

Гундоган не беше во составот што предизвика шпекулации дека германскиот репрезентативец ќе ги напушти Каталонците.

Флик даде одговор на тие шпекулации.

„Нема никакво заминување. Гундоган почувствува болка. Не беше целосно подготвен за мечот откако доби удар на натпреварот против Монако пред неколку дена. Повреден е и затоа не играше“ – рече Флик.

Се вчитува...