Реал Мадрид одбива понуда вредна 100 милиони евра за Милитао

Бразилецот Едер Милитао ја пропушти минатата сезона за Реал Мадрид поради повреда.

Милитао, кој за Реал игра од 2019 година, а има договор до 2028 година, во меѓувреме добива бројни понуди од Саудиска Арабија. „Кралевите“ одбија и понуда вредна 100 милиони евра за својот фудбалер.

Милитао ги одигра сите 90 минути во натпреварот од Суперкупот на Европа против Аталанта (2-0) и му помогна на Реал да го освои првиот трофеј сезонава. Тиимот од Мадрид воопшто не размислува за продажба на Милитао, посебно откако капитенот Начо Фернадес се пресели во Ал Кадасија.

Се вчитува...