Бојан Миовски со двете фантастични сезони во Абердин ги отвори вратите за македонските фудбалери во Шкотска, па сведоци сме како Давид Бабунски и Трапановски оставаат значајна трага на почетокот од својата авантура во дресот на Данди Јунајтед.
Бабунски, кој своевремено првите фудбалски чекори ги правеше токму во Шпанија како член на Б тимот на Барселона имаше само пофални зборови за Миовски, не криејќи оптимизам дека нашиот голгетер ќе продолжи со одлични игри и во дресот на Џирона.
„Пресреќен сум за Бојан и за тој трансфер во Џирона, тоа е одлична работа за него, но и за шкотскиот фудбал. Добро го познавам, пријатели сме и соиграчи во репрезентацијата, знам колку сакаше да го направи тој чекор напред. Во Шпанија, со сите оние врвни фудбалери крај себе, тој ќе продолжи да напредува. Не се сомневам дека Миовски ќе биде хит и во Шпанија како што беше случај и во Шкотска. Имам пријатели во Џирона, но тие зборуваат каталонски, а не шпански… му кажав на Бојан дека сум тука да му помогнам ако има било какви проблеми со адаптацијата“, истакна Давид Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА