Мота не попушта: Киеза и Јувентус, тоа е завршена приказна

Федерико Киеза ќе мора што поскоро да си најде нов клуб ако сака да игра фудбал сезонава откако од Јувентус доби нова порака дa не се надева дека повторно ќе го облече дресот на „старата дама“.

За потсетување, Киеза влезе од последната година во договорот со Јуве и преговорите за продолжување на соработката се прекинати, а управата прави се за да го продаде и да не дозволи тој следното лето без никаква отштета да ги напушти „црно-белите“ од Торино.

Тренерот Тијаго Мота уште пред десетина дена објави дека Киеза е дел од листата на играчи кои не се дел од неговите планови за новата сезона, а новиот стратег на Јуве денеска само потврди дека тој став не е променет.

„Нашиот став за Федерико Киеза воопшто не е променет. Тој не е дел од плановите на Јуве за новата сезона и треба да си замине во текот на летово. Тоа е начинот на кој јас секогаш ќе функционирам, искрено ќе говорам за ситуацијата без разлика дали некому му се допаѓа или не. Секогаш сум бил искрен кон своите фудбалери и тоа никогаш нема да се промени“, порача Мота.

Се вчитува...