Навивачите на Фенербахче еуфорично го пречекаа Жозе Мурињо кога „специјалниот“ реши да ја прифати понудата на турскиот гигант за продолжување на блескавата тренерска кариера.
Сепак, само два месеца подоцна турските фанатици стануваат се поразочарани од ефектот на Мурињо, откако Фенер веќе беше елиминиран од Лил во квалификациите за ЛШ, а почна да заостанува зад шампионот Галатасарај и во домашното првенство. „Сино-жолтите“ синоќа се посрамотија и на гостувањето против Гезтепе, меч на кој имаа водство од 0-2 и целосна контрола, но на крајот со примен гол во 95. минута наместо со планираните три останаа само со еден освоен бод.
„Не знаеме како да го приведеме мечот до крај. Очигледно не сме доголно интелигентни на теренот кога имаме водство, не ги користиме шансите што ги создаваме… Искрено, и јас треба што поскоро да се адаптирам на турскиот фудбал, да научам што прават противниците, како го задржуваат времето. Морам да ги научам моите фудбалери да се певртуваат на теренот, ако е тоа потребно да дојде до прекин и да се троши време. Мораат да знаат да глумат повреди, бидејќи тоа го прават буквално сите екипи. Не може за оваа лига да се говори како да е извонредна, кога сите гледаме дека тоа воопшто не е случај“, истакна Мурињо.
Очекувано, ваквите коментари на „специјалниот“ предизвикаа бура од реакции, од противничките екипи, но и од навивачите на Фенер, на кои не им се допаѓаат изговорите на новиот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

