Ерлинг Халанд попладнево го игра својот јубилеен стоти натпревар во дресот на Манчестер сити, а Норвежанецот се погрижи јубилејот да го одбележи и со нов погодок, вкупно 91. за него во дресот на „граѓаните“.
Сити му гостува на Челси, а Халанд одлично се снајде во 18. минута, мајсторски ослободувајќи се од чуварите пред во манир на голем стрелец да ја смести топката во мрежата.
Мајсторијата на норвешкиот голгетер и голот за водство на „Стемфорд Бриџ“ може да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

