Ига Швијонтек не делува веќе така недопирливо на тениските терени откако полската тенисерка остана без златото на ОИ во Париз, а сега игра променливо и на турнирите во пресрет на УС Опен.
Така, прворангираната светска тениерка не успеа да стигне до финалето во Синсинати откако денеска загуби од Арина Сабаленка со 0-2 во сетови. Мечот мина во целосна доминација на Сабаленка, која го доби првиот сет со 6-3, а потоа имаше и 5-1 во првиот сет. Швијонтек дури тогаш се разбуди, спаси девет меч-топки во низа, но беше немоќна при десеттата, па Сабаленка заслужено триумфираше со убедливи 6-3, 6-3.
Со оваа победа, Арина се одмазди за поразите од Швијонтек во финалињата на турнирите во Мадрид и во Рим. Таа во големото финале ќе се сретне со победничката од дуелот меѓу Пегула и Бадоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

