Боели пак го навлече бесот – замина од „Стемфорд бриџ“ на незавршен натпревар (видео)

Челси со пораз ја почна новата премиерлигашка сезона, а сопственикот Тод Боели повторно го навлече бесот на навивачите откако реши предвреме да си замине од „Стемфорд бриџ“, откако неговиот тим го прими и вториот гол.

Тој е жестоко критикуван поради катастрофалната стратегија секој преоден рок да троши богатство на играчи кои се далеку од врвна класа, паралелно со тоа и да ги менува тренерите, а Боели не се откажа од таа навика ниту летово. Веќе потроши над 180 милиони фунти на нови засилувања, за нов тренер го доведе Мареска, но очигледно е дека на Челси многу му недостига за да се врати во борбата за трофеи во англискиот фудбал.

Сепак, односот за самиот сопственик кој нема доверба во својот тим за камбек во финишот, дури и против актуелниот шампион, е јасен знак дека во лондонскиот клуб веќе извесно време работите се далеку од нормални….

Се вчитува...