Дерби какво што прилега: Фешта на трибини, борба на терен… и гол во самиот финиш (Фотогалерија)

Вечното дерби на мак-фудбалот меѓу Вардар и Пелистер ги оправда очекувањата, бевме свесни дека квалитетот на теренот не може да биде спектакуларен, но затоа играчите на двата тима импресионираа со желбата за надигрување, за победа, видно мотивирани што се дел од овој спортски спектакл.

Вардар конечно се врати како домаќин на националната арена, а дуелот со Пелистер беше како нарачан за камбекот во својот дом да биде одбележан со стил.

Атмосферата беше на ниво, со присуство на двете навивачки групи, со добро познатите „пецкања“ и провокации, но без ниту еден посериозен инцидент.

Како што доликува на едно дерби, беше неизвесно до самиот крај, а Вардар беше тимот што се радуваше со голот во самиот финиш што го постигна Дијанеси, за огромна радост на „комитите“ со кои по мечот бурно беше прославена големата победа.

Се вчитува...