Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против тенисерката од Аргентина Јулија Риера. Ривалката има 22 години и се наоѓа на 122 место на ВТА листата и е треторангирана тенисерка од Аргентина на ВТА листата. Таа минатата година имаше настап во квалификациите на овој грен слем турнир (второ коло квалификации).
Риера најдобриот ранг го имаше во мај годинава по триумфот на ИТФ фјучрсот во Висбаден, Германија.
Мечевите од првото коло од квалификациите во двете конкуренции на УС Опен ќе се играат во понеделник и во вторник.
Во својата кариера Ѓорческа досега имала три настапи во квалификациите на УС Опен – 2016, 2017 и 2018 година и во својот последен настап беше дел и од втората рунда од квалификациите. Најдобрата македонска тенисерка во моментов се наоѓа на 193.то место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА