Јокиќ добива сонародник во Денвер?

Никола Јокиќ за престојната сезона би можел да добие српско засилување во Денвер Нагетс откако тимот од Колорадо изрази желба да го ангажира бекот Василије Мициќ, пренесуваат американските медиуми.

Двократниот МВП на финалето и освојувач на Евролигата изминатата сезона за прв пат настапи во НБА лигата. На почетокот ги бранеше боите на Оклахома за подоцна да биде трејдуван во Шарлот каде и покрај тоа што прикажа добри игри, сепак нема загарантирано место.

Мициќ ова лето беше дел и од српската репрезентација со која го освои бронзениот медал во Париз, а токму добрата соработка со Јокиќ во играта „два на два“ може да му донесе место во Денвер и воедно побогат договор од предвидените 7.7 милиони евра кои тој треба да ги заработи во сезоната 2024/25.

Се вчитува...