Ервин Цого е првиот Македонец кој настапи на престижниот „World Tour“

Изминатиот викенд во Лозана се одржа престижниот „World Tour“ во кошаркарското „3 на 3“ натпреварување, а Македонија за прв пат имаше свој претставник на најголемата сцена во Ервин Цого.

Поранешниот капитен на македонската „баскет“ репрезентација настапи во дресот на Фрајбург, но и покрај добрите настапи на Цого, неговиот тим претрпе два порази.

Во првата средба против Виена, Фрајбург беше поразен со 17-13, а Цого постигна четири поени и два скока, додека во средбата против Дизелдорф и поразот со 21-16 реализираше четири поени и три скокови.

Се вчитува...