Повремениот македонски репрезентативец Андреј Митрески и во новата сезона ќе ги брани боите на прволигашот Феникс 2010 откако скопскиот клуб денеска потврди дека капитенот кој десет години е дел од клубот останува да ја врши улогата и за предизвиците кои следат.
Еден од најдобрите македонски бекови е дел од Феникс 2010 од 2014 година поминувајќи низ сите младински категории, настапуваше и во Втората лига, а веќе одигра и 64 натпревари во „виолетово-жолтиот“ дрес во најелитното македонско кошаркарско првенство во изминатите три сезони.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА