Швајцарија по 12 години добива нов голман: Зомер се збогуваше со репрезентацијата

Искусниот голман Јан Зомер во иднина нема да биде дел од швајцарската репрезентација откако на 35-годишна возраст одлучи да се пенизонира од националниот дрес кој го задолжи за прв пат во 2012 година.

Оттогаш Зомер одигра 94 средби за Швајцарија со што се пензионира како голман со најмногу натпревари во историјата на швајцарската репрезентација.

„Долго време размислував и решив да ја завршам кариерата во швајцарската репрезентација. Беше голема чест и привилегија да можам да ја претставувам мојата земја на највисоко ниво 12 години, за време на 94 меѓународни натпревари.

Многу ми значеше времето поминато во репрезентацијата. Со гордост гледам на многу незаборавни моменти, возбудливи натпревари, заеднички победи и предизвици“, изјави Сомер.

Се вчитува...