Изненадување: Гундоган се враќа назад во Манчестер Сити?

Искусниот германски репрезентативец Икај Гундоган по само една сезона во помината во редовите на Барселона заминува од каталонскиот тим во потрага по поголема минутажа, пренесуваат шпанските медиуми.

Гундоган пристигна во Барселона како големо засилување одигра 41 натпревар во сите конкунреции, но со ангажманот на Дани Олмо се очекува неговата минутажа драстично да се намали за новата сезона. 33-годишникот нема намера при крајот на кариерата да се потчини на клупата па веќе се договорил со раководството на Барселона за разделба.

За Германецот се заинтересирани повеќе клубови, а не се исклучува и можноста тој да се врати назад во Манчестер Сити каде што настапуваше со успех од 2016 до 2023 година. Сумата која е потребна за негов трансфер изнесува 15 милиони евра.

Се вчитува...