Лука Модриќ останува лидер на Хрватска (ФОТО)

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани фудбалери за престојните натпревари во Лигата на Нации, а на големо задоволство на навивачите повикан е и Лука Модриќ.

Искусниот 38-годишник се очекува да ги предводи „коцкестите“ против Португалија и Полска, натпревари кои ќе бидат одиграни на 5. и 8. септември во Лисабон, односно Осијек.

На списокот не се најде Марсело Брозовоиќ кој се збогуваше со репрезентацијата.

Се вчитува...