Повратникот во Премиерлигата се засилува од Тотенхем

Оливер Скип, фудбалерот од средниот ред ова лето ќе реализира трансфер од Тотенхем во Лестер откако двата премиерлигаши ги договорија условите за негов трансфер вреден 20 милиони фунти.

Дваесетитригодишникот кој ја помина фудбалската академија на Тотенхен денеска ќе ги одработи лекарските прегледи, интересно, во пресрет на дуелот помеѓу овие два тима на „Кинг Пауер“ стадионот, натпревар со кој ќе биде комплетирано првото коло во новата сезона во Англија.

Скип дебитираше за првиот тим на Тотенхем во 2018 година, а вкупно досега одигра 106 натпревари од кои 77 во Премиерлигата постигнувајќи еден гол.

Се вчитува...