Актуелниот шампион на најсилното кошаркарско првенство, НБА лигата, Бостон Селтикс наскоро ќе добие нов сопственик откако сегашниот газда Ирвинг Гроусбек се одлучи да го стави клубот на продажба.
Во американските медиуми се споменуваат повеќе можни купци, а еден од нив е и еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос. Сопственикот на Амазон кој расплага со капитал од 195 милијарди долари за купување на франшизата ќе треба да издвои „само“ шест милијарди долари.
Според американските медиуми Безос веќе започнал иницијални преговори за откупување на Бостон Селтикс, а во блиско време се очекува преговорите да се интензираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА