Артета отпиша пет фудбалери на Арсенал

Вицешампионот на Премиерлигата, Арсенал нема бурно лето исполнето со трансфери. Се чини дека Микел Артета им верува на избраниците па засилувањата ќе бидат само фудбалери кои можат да го подигнат квалитетот на тимот.

Така во Лондон пристигна единствено Рикардо Калафиори, а до крајот на преодниот рок се очекува и ангажман на Микел Мерино од Реал Сосиедад кој би требал да го комплетира ростерот за новата сезона во која „топчиите“ одново ќе атакуваат на трофеи.

Арсенал до крајот на летото нема да биде активен во преговорите за нови трансфери, но ќе разговара со заинтересирани купци за пет фудбалери, пренесуваат англиските медиуми.

Шпанскиот стратег за предизвиците кои следат не смета на Арон Рамздејл, Јакуб Кивиор, Киран Тирни, Рис Нелсон и Еди Нкетија па секоја примамлива понуда за овие петмина се очекува да биде прифатена.

Се вчитува...